Одржлив развој преку рационално управување со ресурсите во животната средина macedonia@rec.org.mk MK EN
RAC Северна Македонија — Енергетска ефикасност во ладењето UNIDO — United Nations Industrial Development Organization Канцеларија за заштита на озонската обвивка Ресурсен центар за животна средина — РЕЦ Северна Македонија
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

За нас

Граѓанска организација што работи на одржливо управување со ресурсите во животната средина.

Кои сме

Мисија на Здружението Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) — Северна Македонија Скопје е остварување на одржлив развој преку рационално управување со ресурси во животната средина. Граѓанска организација работејќи согласно принципите на одржливост, става акцент на социјалните, економските и аспектите од животната средина, и се фокусира на долгорочни решенија што се засноваат на холистички пристап и редовно вклучување на различни заинтересирани страни и широката јавност во процесите за унапредување на животната средина и нејзините ресурси.

Како работиме

  • Холистички пристап — секое прашање го гледаме низ социјална, економска и еколошка призма истовремено.
  • Вклучување на засегнатите страни — институции, локална самоуправа, стопанство, училишта и граѓани се дел од процесот, не само примачи на резултатот.
  • Долгорочни решенија — работиме на капацитети и системи што остануваат по завршување на проектот.

Со кого соработуваме

Работиме со министерства и државни институции, единици на локалната самоуправа, образовни установи, стопански комори и компании, како и со меѓународни организации и донатори.