Распоред на намалување на увозот на HFC
Наредбата за ограничување на увозот на флуорирани јаглеводороди го зема просекот на увезени количини од периодот 2020–2022 година како основа. Во првата фаза, од 2024 до 2028 година, увозот е ограничен на тој просек, по што следува постепено намалување.
2024
357.938
тони CO₂-еквивалент — почетна квота
2029
−10%
прво намалување
2035
−30%
второ намалување
2040
−50%
трето намалување
2045
−80%
завршна фаза
Обврски при работа со опрема
Согласно Законот за животна средина, сопственикот на опремата е должен да обезбеди проверка на протекување:
| Количина средство во уредот | Проверка |
|---|---|
| 3 kg или повеќе | еднаш годишно |
| 30 kg или повеќе | на секои шест месеци |
| 300 kg или повеќе | на секои три месеци |
Секое откриено истекување се санира најдоцна 14 дена од денот на истекувањето. Во рок од еден месец по санацијата опремата повторно се проверува. Проверките се евидентираат, а опремата се означува.
Рамка
- Кигали амандман — усвоен 2016, предвидува намалување на HFC за над 80% во наредните 30 години.
- Регулатива (ЕУ) 2024/573 — во сила од 11 март 2024. Задолжителни автоматски системи за детекција кај опрема над 500 тони CO₂-еквивалент.
- Наредба, Сл. весник бр. 13/24 — национален распоред за ограничување на увозот на HFC.
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација