Кампања за јавна свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација
Подигнување на јавната свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација, во рамки на пилот-проектот за постепено намалување на HFC. Спроведено во соработка со Канцеларијата за заштита на озонската обвивка.
68учесници на првата работилница
357.938тони CO₂-еквивалент — квота за увоз на HFC во 2024
−80%намалување на увозот до 2045 година
1.137евидентирани уреди со полнење над 3 kg
Проектот е дел од активностите за постепено намалување на HFC во Северна Македонија, во согласност со Кигали амандманот на Монтреалскиот протокол. РЕЦ е задолжен за спроведување на Кампањата за подигнување на јавната свест, додека носител е Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за заштита на озонската обвивка.
Што опфаќа
- Национална кампања за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација
- Работилници за сопственици на опрема, сервисери и институции
- Прирачник за енергетска ефикасност на RAC системите
- База на засегнати страни од индустријата, трговијата, здравството и јавниот сектор
Досегашни резултати
- Прва работилница одржана на 5 мај 2026 година во Скопје, со 68 учесници
- Изработен прирачник, мај 2026 година
- Воспоставена база на засегнати страни
Партнери
Министерство за животна средина и просторно планирање — Канцеларија за заштита на озонската обвивка
Од настанот
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација