Одржлив развој преку рационално управување со ресурсите во животната средина macedonia@rec.org.mk MK EN
RAC Северна Македонија — Енергетска ефикасност во ладењето UNIDO — United Nations Industrial Development Organization Канцеларија за заштита на озонската обвивка Ресурсен центар за животна средина — РЕЦ Северна Македонија
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

← Вести · 30 септември 2026

Одржана втората работилница за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

Втората во низата работилници ги собра претставниците на општините, државните институции, инспекторатите, фармацевтската и прехранбената индустрија и стопанските комори.

Претседателска маса на работилницата, со банерите на проектот и на РЕЦ зад неа
Втората работилница, Хотел „Александар Палас“, Скопје · Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) — Северна Македонија

Во рамки на Кампањата за подигнување на јавната свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација (Refrigeration and Air Conditioning — RAC) за Северна Македонија, во Хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа втората во низата работилници за енергетска ефикасност на системите за ладење и климатизација и намалување на нивното влијание врз животната средина.

Работилницата имаше за цел запознавање на деловниот сектор со ефикасното управување на системите за ладење и климатизација, преку правилна примена на законодавството во предметната област и воведување енергетско-ефикасни технологии за намалување на штетните ефекти врз животната средина.

Кој ја отвори работилницата

Работилницата ја отвори директорот на Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, г. Игор Никоски. Воведни обраќања имаа претставник на Одделението за хемикалии и индустриски несреќи при Министерството и претставници од Канцеларијата за заштита на озонската обвивка.

Кој учествуваше

На работилницата учествуваа претставници од општините, државните институции, инспекторатите, фармацевтските компании, прехранбената индустрија, стопанските комори и други институции.

Во чии рамки

Проектните активности поврзани со RAC системите започнаа со реализација во јануари 2026 година, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за заштита на озонската обвивка. Меѓу нив се и активностите на Кампањата, што ја спроведува Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) — Северна Македонија. Финансиската поддршка е преку Мултилатералниот фонд (МЛФ), а имплементациона агенција е UNIDO.

Од настанот