Одржлив развој преку рационално управување со ресурсите во животната средина macedonia@rec.org.mk MK EN
RAC Северна Македонија — Енергетска ефикасност во ладењето UNIDO — United Nations Industrial Development Organization Канцеларија за заштита на озонската обвивка Ресурсен центар за животна средина — РЕЦ Северна Македонија
Енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

← Вести · 5 мај 2026

Одржана првата работилница за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

Работилницата на 5 мај 2026 година во Скопје собра 68 претставници од индустријата, банкарскиот сектор, трговијата, здравството и академијата.

Одржана првата работилница за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација

Во рамки на Кампањата за подигнување на јавната свест за енергетска ефикасност во секторот за ладење и климатизација (Refrigeration and Air Conditioning — RAC) за Северна Македонија, на 5 мај 2026 година во Хотел „Александар Палас“ во Скопје се одржа првата работилница на тема „Енергетска ефикасност на системите за ладење и климатизација и намалување на нивното влијание врз животната средина“.

Кампањата, којашто започна во јануари 2026 година, се спроведува од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за заштита на озонската обвивка, додека Центарот за ресурси во животната средина (РЕЦ) — Северна Македонија е задолжен за спроведување на активностите. Финансиската поддршка е обезбедена преку UNIDO.

На работилницата учество зедоа 68 претставници од банкарскиот сектор, индустрискиот и енергетскиот сектор, големи трговски центри, факултети, болници и други институции.

Од настанот